Одобрена е првата група кредити од Ковид 3 бескаматната линија

Bez autora
Jan 14 2021

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје почна со одобрување кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУ за Отпорност од ИПА-програмата.

Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3,552 вработени.

Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и 9 кредитни барања се од трговци – поединци.

Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот Регион, и тоа 37%, а по него следи Полошкиот Регион со 17% и Југоисточниот Регион со 14%.

Од Југозападниот, Источниот и Пелагонискиот Регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот Регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања во првата група.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување договор, се наведува во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik